Во Словенија никогаш не било толку студено во април – утрово температурата – 20 степени под нулата

67

Денес во Словенија осамна многу студено утро, со температури кои паѓаа за 20 степени под нулата на југот на земјата, што е најстудено априлско утро досега.

Најниската утринска температура, минус 20,6 степени е регистрирана во Нова Вас во јужна Словенија, а претходната рекордно најниска температура во април од 19,8 степени беше измерена во блиското Бабно Поjeе во 1970 година, објави словенечката агенција за животна средина (АРСО), а пренесува СТА.

Сите мерни точки на АРСО утрово забележаа температури под нулата, освен Марковец на брегот, каде што живата покажа 1,3 степени.

Во многу области, ова беше најстудениот почеток на денот во април во последните 70 години, но може да се случи живата да падне на најниско ниво во повеќе од сто години, објави АРСО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.