Во Словенија од полноќ литар бензин 1,775, дизелот 1,848 евра

Бензините по долг период на замрзнати цени во вторникот на полноќ поскапуваат во Словенија, па новите цени на словенечките бензински пумпи ќе бидат 1,775 евра за бензин од 95 октани, а дизел горивото 1,848 евра за литар.
Во понеделник попладне беа објавени нови цени на основните моторни горива на словенечките бензински пумпи. Ова е значително зголемување во однос на сегашните регулирани, замрзнати цени, а новите ќе важат во наредните 14 дена.

Станува збор за цени на бензинските пумпи надвор од автопатиштата поради регулираното намалување на трговската маржа, додека цените на бензинските пумпи на автопатиштата ќе се формираат слободно.
Премиерот Роберт Голоб неодамна рече дека тие би можеле да бидат и до 20 отсто повисоки.

Тој во понеделникот ги критикуваше дистрибутерите за недостигот на гориво, особено на дизелот, во последните денови, велејќи дека тие се одговорни и дека треба подобро да се подготват за ситуацијата, наместо да „шпекулираат со неколку центи“ по литар гориво.

„Разбирам дека побарувачката беше нешто поголема поради претстојното поскапување, но обврската на дистрибутерите е јасна – требаше да се погрижат да нема недостиг на гориво, а снема низ целата земја одеднаш, изјави Голоб за медиумите.

Тој најави казни за дистрибутерите доколку инспекциските контроли покажат неправилности што се случиле во последните денови, особено минатиот викенд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.