Во Словенија пад на индексот на доверба на потрошувачите

Вредноста на показателите за доверба на потрошувачите во Словенија во мај е намалена за четири процентни поени во однос на претходниот месец и е за 9 процентни поени пониска од долгорочниот просек, соопшти денеска Централниот завод за статистика.

На годишно ниво вредноста на овој показател паднала за 13 процентни поени.

Очекувањата на потрошувачите за развојот на цените во следните 12 месеци остануваат песимистички.

Уделот на оние потрошувачи кои очекуваат побрзо зголемување на цените се зголеми за два процентни поени на 57 проценти во мај, ново второ највисоко ниво во историјата на мерењето, при што 30 проценти веруваат дека цените ќе растат со иста брзина, додека други проценуваат дека инфлацијата ќе се забави или дека цените ќе почнат да паѓаат.

На годишно ниво, сите четири компоненти на овој индикатор за доверба на потрошувачите се влошија: очекувањата за подобра финансиска состојба во домаќинството паднаа за 21 процентен поен, за економската состојба во земјата за 17, за зајакнување на куповната моќ за десет, а за подобрување на моменталната материјална состојба во домаќинството за три процентни поени.

Вакво ниво на индекс на доверба на потрошувачите во земјава последен пат е забележано во 2012 година, соопшти Заводот за статистика на Словенија.