Во Словенија потврдени 56 нови случаи на зараза со коронавирусот

Словенечките здравствени власти соопштија дека во земјата се регистрирани 56 нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

Како шти јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие вкупниот број на заразени се зголеми на 897. Поради Ковид-19 хоспитализирани се 112 пациенти, а на интензивна нега се само 29.

Изминатите 24 часа, четири пациенти оздравеле и се пуштени дома, а едно лице починало како последица на заразата.

Експертите во Словенија сметаат дека ваквото зголемување на бројот на заразени е очекувано и дека е добро што заразата не се шири експоненцијално, туку линеарно, што значи дека засега нема голем притисок врз здравствените центри.

Најкритична состојбата останува во домовите за стари лица каде што се заразени речиси 140 лица.