Во Словенија потврдени десет новозаразени со коронавирусот

16

Во Словенија се регистрирани десет нови случати на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Вчера се направени 1317 нови тестирања, со што вкупниот број сега изнесува речиси 52.000 проверени лица.

Поради Ковид-19 болнички се лекуваат 73 пациенти што е намалување во споредба од минатите денови. Поради потешка форма на болеста на одделенијата за интензивна нега се третираат 25 лица.

Изминатите 24 часа, од болница се отпуштени седум пациенти, а три починаа како последица од инфекцијата. ав

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.