Во Словенија досега се потврдени два случаи нови подваријанти на имикрон варијантата на коронавирусот, наречени BA.2, чиишто карактеристики сѐ уште не се сосема познати, објави во четвртокот словенчката лабораторија за јавно здравје, животна средина и храна која ги секвенционира припероците на заразените со коронавирусот.
Споменетите подвидови се откриени во брисеви кои се секвенционира во првите две седмици во јануарим, потврди на прес-конференција директорката на националната лабораторика Тјаша Жохар Чретник, додавајќи дека примероците доаѓаат од североистокот на Словенија. Не е познато дали лицата кај кои се откриени пред заразата престојувале во странсто, додаде.
Споменатата подваријанта претходно беше идентификувана во Данска и нејзините карактеристики сѐ уште не се истражени и јасни, но според некои податоци сѐ уше е позаразне од претходните соеви, но не предизвикува посилни симптоми.
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 14.600 нови зарази со коронавирусот, а починале уште 12 лица, во петтиот од брајнот на епидемијата предизвикана од омикрон варијантата, којашто го оптоварува боленичкиот систем поради големиот број изолации на болничкиот персинал кој останува дома.
Владата размислува поради ограничените лабораториски капацитети да ја промени стратегијата за тестирањата. Според микробиологот Мирослав Петовец, во случај на натамошно зголемува на бројот ан тестираните постојните капацитети на лабораториите нема да бидат доволни.
Поради тоа се размислува во иднина и брзите антигенски тестови да важат како потврда за заразта, што значи дека не би било потребно дополнително испитување на позитивните примероци со PCR тест, што9 е практика која ја приоватија повеќе европски држави.