Во Словенија речиси 1.400 новозаразени, секој четврти тест позитивен

35

Високиот дневет раст на коронаинфекциите во Словенија продолжува и во последните 24 часа потврдени се 1.393 новозаразени, со удел на позитивните тестови од 24,6 отсто, ден пред почетокот на заострувањето на мерките, кога освен некои исклучоци речиси насекаде ќе бидат барани ковид-потврди.

Со 5.665 тестови во посленото деноноќие потврдени се 1.393 нови зарази со три смртни исходи од Covid-19, објави Националниот институт за јавно здравје (NIJZ) во вторникот.

Двоседмичната инциденца се зголеми на 505 случаи, што е еден од критериумите за влегување во „темно црвената“ епидемиолошката зона на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC).

На ковид-одделите во словенечките болници во моментов има 333 заболени, од кои 76 се на одделите за интензивна грижа, а во последните 24 часа примени се 45 нови пациенти, додека 21 биле пуштени на домашно долекување.

Со одлука на владата од среда вработените во јавните установи и во претприајтијата, како и нивните странки ќе мора да имаат потврди дека се вакцинирани, оздравеле од заразата со коронавирусот или дека се негативно тестирани на Covid-19, со одредени исклучоци.

И за влегување во трговските центри ќе биде потребна ковид-потврда, а исто така и за користење на јавниот сообраќај, освен за средношколците и учениците во основното образование.

Потврди ќе бидат барани и во здравствените установои, освен за ургентните случаи, потврди за Словенечката телевизија министерот за здравство Јанез Поклукар, повторно апелирајчи сите кои тоа го можат што поскоро да се вакцинираат.

Во Словенија досега се вакцинирани 44,5 отсто од вкупната популација, а со заострувањето на мерките се настојува да се поттикне на вакцинирање против Covid-19 што поголем број луѓе пред настапувањето на четвртиот бран од епидемијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.