Во Словенија речиси 3.700 новозаразени и 16 починати, од понеделник нови мерки

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се нови 3.662 зарази со коронавирусот, помалку од претходниот ден кога беа потврдени 3.771 коронаинфекции, а од последиците на компликациите кои ги предизвикува коронавирусната болест Covid-19, објави во саботата словенечкото министерство за здравство.

Позитивни биле 38,1 отсто од спроведените тестирања, а бројот на активните случаи во моментов изнесува 35.216. Просечниот број дневни зарази во последниата седмица е 2.780, а 14-дневната инциденца на заразата е 1.671, а вакцинирани со целите дози од вакцините се 53,3 отсто од вкупната популација.

Во болниците моментални има 748 ковид-пациенти, од кои на одделите за интензивна нега се 175 пациенти, според новите податоци на Националниот институт за јавно здравје (NIJZ).

Поради тешката епидемиолошка ситуација во земјата, владата воведе нови мерки кои ќа почнат да се применуваат од понеделник.

Мерките, меѓу другото, пропишуваат поширока примена на ковид-потврдата со покажување документ за идентификација, скусено работно време на локалите и забрана за работа на ноќните клубови дискотеките, почести тестирања на коронавирусот на учениците во основните и средните училишта, забрана за поголеми јавни собири и други рестрикции.