Во Словенија шест нови зарази со коронавирусот и еден смртен случај

Во Словенија во последните 24 часа на коронавирусот се тестирани 332 лица а кај шест од нив е потврдено присуството на коронавирусот, додека еден заразен пациент починал, соопштија во понеделникот тамошните власти.

Во моментов во словенчките болници поради Covid-19 се хоспитализирани 24 пациент, од кои двајца се на одделите за интензивна нега на респоратори, потврди министерството за здтравство.

Од почетокот на епидемијата вкупниот број заразени во Словенија се искачи на 2.255, а починале 128 лица. Во моментов во земјата има 195 активни случаи, а од вкиупниот број заразени досега закрепнале 1.928 лица, односно 86 отсто.

Во последниот период словенечките епидемиолози зачестено ги предупредуваат младите лица на опасноста од зараза на масовните собири, па остро реагираа на инфрмациите дека угостителите на словенечкото крајбрежје работат спротивно од препораките на стручњаците.

Појаснуваат дека младите луѓе на ваквите забави не држат расотајние, се потат и дишат подлабоко од вообичаено, па тие кои се заболени излачуваат многу повеќе вируси отколку при нормална активност. Исто така, на ваквите забави младите се физички поактивни и вдишуваат повеќе од вирусот кој е присутен, се допираат, се ракуваат и прегрнуваат, односно го прават сето она што не смее да се прави во услови на епидемија.