Во Словенија со коронавирусот заразени 414 лица, за 31 повеќе од вчера

Бројот на заразените со коронавирусот во Словенија во неделата до 14 часот изнесувал 414 лица, што е за 31 повеќе отколку во саботата во истиот период од денот, соопшти словенечкиот Институт за јавно здравје.

Досега најмногу потврдени случаи има на подрачјето на Љубљана, а вирисот се проширил на повеќе од 90 од вкупно 212 општини во Словенија.

Една од најзагрозените е општината Шмарје при Јелшах на подрачјето на Цеље, каде во домот за стари лица бројот на заразените со коронавирусот од вчерашните 14 се искачил на 18, а натаму се вршат тестови на штитениците и на населението. Општината која има само 10.000 жители во раштркани населби е едно до жариштата на коронавирусот во Словенија, со досега над 40 потврдени случаи.

За да ги охрабри ова население, премиерот Јанез Јанша во саботата порача дека локалните власти одлично се организирале за да одговорат на предизвикот и дека своето искуство би требало да го споделат со другите средини.

Во Словенија според денешните податоци вкупно се тестирани 13.098 лица, а здравствените власти предупредуваат дека пикот на епидемијата сѐ уште не настапил, и оти следните денови може да се очекува раст на новозаболените и нови хоспитализација на тешките болни.

Со досегашните мерки за сузбивање на епидемија, властите потврдија се потврдени дака за идната седмица носење одлука според која жителите на некои општини или региони не би смееле да ги напуштаат своите места на престој, за да се спречи ширењето на епидемијата.

Покрај тоа, може да се очекува дека владатра на парламентот во понеделникот ќе му предложи давање нови овластувања за војската којашто би можела да дејствува на границата, додека полицијатапшоради предвидениот поголем обем на задолженија во време на врвот на епидемијата повеќе би дејствувала во внатрешноста.

Предолог наиде на резерва кај опозициајта, а за да се усвои мора да биде изгласан со двотретинско мнозинство од присутните пратеници на гласањето.