Во Словенија удвоен бројот на заразите со коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа на коронавирус биле тестирани 1.159 лица со кои се потврдени 34 нови случа на коронаинфекција, објави во саботата словенечката влада, што е двојно повеќе од ден претходно, кога новозаразени имаше 17 лица.

Портпаролот на владата во коронакризата, Јелко Кацини, наведе во врска со тоа во објавата на Twitter дека ваков дневен број на зарази не претставува само медицински проблем, туку бара и големи напори на епидемиолозите од националниот Институт за јавно здравје (NIJZ). Тие настојуваат што побрзи да октријат што повеќе контаките со заразените, да ги предупредат на опасноста и да ги испратат во карантин, наведува Кацин.

Во моментов поради инфекцијата со коронавирусот во болниците има 16 лица, но ниеден од нив не е згрижен на одделите за интензивна нега, потврди во засебно соопштение министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата досега во Словенија со тестирања откриени се вкупно 1.827 случаи на зараза, а во моментов според официјалните процени има 256 активни случаи. И во последните 24 часа не е регистриран нов смртен случај меѓу заразените, па вкупниот број смртни исходи од почетокот на епидемијата е 111.

Најмногу потврдени случаи во последните 24 часа имало во Велење и Храстник, како и во Љубљана и Церкница, а мешу заразени има странски државјани.