Во Словенија за еден ден починале 45 лица, а 1.388 се новозаразени

Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 1.388 нови случаи, објавено е на владиниот Твитер профил.

Од последниот пресек, тестирани се 5.326 лица.

Во изминатиот ден 11 лица беа хоспитализирани, па сега во словенечките болници има 1.275 пациенти.

На интензивна нега има 208 лица, пренесува агенцијата СТА.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се заразени 56.932 лица, од кои 876 починале.