Во Словенија власта и опозицијата се судрија преку истражни комисии

Партиите коишто го поддржуваат словенечниот премиер Марјан Шарец во средата најавија основање на парламентарна истражна комисија која треба да го испита наводното спорно финансирање со пари од странство на најголемата опозициска партија, која ја води некогашниот премир Јанез Јанша.

Станува збор за прва ваква комисија во мандатот на сегашниот парламентарен состав, а нејзиниот иден претседател Јани Моедернмдорфер изјави дека че се посвети на спортното финансирање на конзервативната Словенечка демократска партија (SDS) и медиумите со кои се поврзани со средства од Унгарија и од босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска.

„Комисијата ќе бара одговори на прашањата дали се случиле законски прекршоци со нелегално финансирање на партиите од странство и каква улога во тоа имале медиумите“, изјави вио текот на поднесувањето на барањето за основње на комисијата Моедерндорфер.

Во кампањата пред парламентарните избори одржани во јуни годинава сегашениот премеир Марјан Шарец рече дека нема да влегува во никаква коалиција со партијата на Јанез Јанша, кој важеше за фаворит за освојување на простото мноштво, тврдејќи дека таа наводно таа нетранспарентно се финансирала од странство, па владата во која би била оваа партија не би носела суверени одлуки.

Партијата SDS на почетокот од годинава за финансирање на предизборната кампања имаше намера да земе кредит од претприемачка од БиХ и тоа го пријави до надлежното словенечко контролно телии, но подоцна се откажа од тоа. Но потврди дека во сопственичката структура на приватна телевизија која ја основале членови на партијата и во сопственоста на блиски на неа портали и печатени медиуми, влчега група претприемачи од Унгарија со свој капитал. Неолиберланите и леви политичари сметаат дека станува збор претпримачи наводно блиски на унгарскиот премеир Виктор Орбан.

Рерагирајчи на најавата за основање истражна комисија за финансирање на нивната партија во последните шест години, откако финансирањето од странски извори е постриктно регулирано во Словенија, од SDS порачаа дека немаат ништо против да се формира ваква истражна комисија доколку таа се анимава со следење на парите од кампањите на сите други партии, како и со финансирањето на медиумите кои се сметаат за наклонети на партиите од левицата, меѓу кои се и една голема комерцијална телевизија и влијателен неделник, но и големо мнозинство од словенечките печатени медиуми.

Од опозициските партии на десницата и политичкиот центар во средата најавија и иницијатива за формирање повеќе други истражни комисии, на пример за утврдување на политичката одговорност за лошата состојба во здравствениот сектор и комисија за корупциските мрежи во набавката на материјали за болниците.

Покрај тоа, партијата на Јанша во средата во парламентот повторно го покрена прашањето за одговорноста за банкарските загуби од претходните години кои ги покриваше словенечката држава, но и најави основање комисија за да се утврди зошто при неодамнешното продавање на Нова Љубљанска банка (НЛБ) со иницијална јавна продажба е постигната минимална цена на акцијата, со што според нив се оштетени даночните обврзници, односно државниот буџет.

Во парламентарната расправа пратениците од SDS тврдеа дека тајмингот на продажбата, на начинот на кој е иведена, бил погрешен и дека така на државата и’ нанесена штета од 500 милиони евра, и бараа одговорноста за тоа да ја преземе претходната влада на Миро Церар.