Во случај на напад Русија ќе се брани со атомско оружје

Рускиот вицепремиер, Дмитриј Рогозин, изјавил дека во случај на напад, Русија ќе користи атомско оружје за одбрана.

„Може да се експериментира со разместување на конвенционално вооружување на стратешките носачи, но треба да се има во предвид дека во евентуален напад врз нас, безусловно и во одредени ситуации ќе се бранат државните интереси со помош на атомско оружје“, изјавил Рогозин.

Тој додал дека било кој напаѓач или група напаѓачи мора да бидат свесни дека таа можност е главниот фактор за воздржување од провокации или напади на Русија.