Во Собранието донесен ребалансот на буџетот

Со 56 гласа за и 22 против попладнево пратениците го изгласаа ребалансот на Буџетот за 2019 година. И на денешната расправа не изостанаа меѓусебните обвинувања меѓу пратениците на власта и опозицијата. Беа одземени пари од делот за капиталните инвестии и образованието. Според предвидениот ребаланс, вкупните приходи се проектирани на 210,5 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,2 милијарди. Буџетскиот дефицит се задржува на ниво од 2,7 проценти, а проекцијата за економскиот раст 3,1 насто.

„Со овој ребаланс за жал оваа влада и со нема да овозможи ниту европска иднина, ниту пак европско образование. Зошто велам вака не затоа што сум опозиција, туку зошто бројките во ребалансот ни покажуваат така, кратење во образованието и во многу други сектори“, рече Слаѓана митовска, пратеник вмро дпмне.

„Немојте да зборувате колешке за еконимија, немојте вие да зборувате за домаќинско работење, немојте вие да зборувате колешке покачување на плата дали минимална дали просечна дали на плати на социјални плати и слично“, изјави Костадин Костадинов, пратеник СДСМ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.