Во Софија со шатори против Бојко Борисов

По тринеделните протести, демонстрантите во Софија поставија шатори на големиот крстопат и пред зградата на Владата, ветувајќи дека ќе го задржат блокиран центарот на бугарската метропола се’ додека владата на премиерот Бојко Борисов не поднесе оставка.

По неколку илјади претежно млади луѓе митингуваат секој ден во Софија од почетокот на јули, а исто така протести има и во други поголему бугарски градови, обвинувајќи го премиерот Борисов за неуспех во борбата против корупција во полза на моќните локални тајкуни.

Бојко Борисов (61), кој доминира во политичкиот живот на Бугарија во изминатата деценија, изјави дека ќе остане на функцијата до следниот март кога треба да се одржат редовните избори, а деновиве  разреши неколкумина клучни министри за веројатно да покаже дека неговиот кабинет не работи под влијание на приватните интереси. Сепак, тие промени не успеаја да го намалат длабоко вкоренетиот ревлолт на јавноста со широко распространета корупција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.