Во Софија средба и на копрецедателите на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања

Заедничка седница ќе одржат владите на Бугарија и Северна Македонија во резиденцијата „Бојана“ во Софија. Настанот е дел од дводневната посета на делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, која вчера допатува во Бугарија.

Тој и Кирил Петков ќе имаат приватен разговор. На крајот на заедничката средба на двете влади ќе бидат потпишани билатерални документи, а се очекува двајцата премиери да дадат заедничка изјава за медиумите.

Паралелно, ќе заседаваат и четирите работни групи кои беа формирани во областите:

  • економија, трговија и иновации;
  • инфраструктура, транспорт и поврзување;
  • Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација и владеење на правото;
  • културата, науката и образованието и младите.

Средба ќе имаат и копретседателите на Мешовитата мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања.

Според бугарската влада, денешната заедничка средба е уште еден клучен чекор за консолидирање на новиот дијалог меѓу Софија и Скопје, како и за продлабочување на билатералната соработка.