Во сообраќајка на патнички воз и моторно возило повредени две лица

22

На 22.10.2020 во 17,15 часот било пријавено дека на пругата помеѓу железничката станица „Радуша“ и железничката станица „Јегуновце“ се случила незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево и товарно моторно возило “форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(44) од Тетово. Во незгодата возачот и сопатникот М.А.(56) од Тетово се здобиле со повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид наместото на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.