Во сообраќајка загина 36-годишен битолчанец

Битолчанец загина утрово околу 5.25 часот во сообраќајна несреќа на  магистралниот пат Битола – Прилеп кога возилото кое го управувал излетало од патот.

Во несреќата загинал 36-годишниот Г.Ј. кој се превезувал со патничко возило „комбе“. Од СВР-Битола информираа дека возачот од здобиените повреди починал на самото место.

– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинителтелото е предадено на обдукција – информира Секторот за односи со јавност на битолската полиција.

Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.