Во попладневните часови на 29 јули во Битола се случила сообраќајна незгода во која загинал 26-годишен битолчанец, кој управувал електричен тротинет.
Како што информираат од МВР, сообраќајната незгода се случила на крстосницата од битолските улици 8 Септември и Арон Ароести, а во неа учествувале автомобил „фолксваген туран“, управуван од 21-годишниот битолчанец Ф. Ј., и електричен тротинет, управуван од О. П. (26), исто така од Битола.
По незгодата, 26-годишникот бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што им подлегнал на повредите.
На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.