Во сообраќајна несреќа во Индија, настрадаа 27 лица

Во несреќа во западниот дел на Индија загинаа 27 лица, а 17 беа повредени, откако еден автобус излета од патот соопшти локалната полиција.

„Шоферот изгуби контрола, кога едно возило удри во автобус, кој потоа се сруши во провалија, долга 80 метра,“ пренесува Франс прес.

Несреќата се случила во еден планиниски регион во државата Махараштра, 160 километри североисточно од Мумбај. Според официјалните податоци, во Индија во 2012 година во сообраќајни несреќи загинале 149 илјади луѓе.

Во октомври 2013 година на југот на Индија настрадаа 45 луѓе кога се запали автобус во кој се превезуваа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.