Во Шпанија над 20.000 луѓе евакуирани од фестивал поради пожар (ВИДЕО)

Околу 22 илјади луѓе се евакуирани во саботата ноќта од музичкиот фестивал Tomorrowland Unite кој се одржува во каталонската престолнина Барселона поради пожар на бината, пренесуваат медиумите.

На видео снимките објавени на социјалните мрежи се гледа пламен и густи облаци од темносив чад кој се издига над главната сцена на фестивалот.

Според досегашните информации во инцидентот нема настрадани. Организаторите на фестивалот и полицијата засега не издадоа официјални соопштенија за инцидентот.

Пожарот избувнал непосредно пред настапот на Стив Аоки, најпознат по соработката на „Just Hold On“ со лидиреот на бендот One Direction, Луис Томлинсон, кој требало да настапи во 2 часот по полноќ по локално време на овој еднодневен музички настан.

 

https://www.youtube.com/watch?v=v71C61LL4N8