Во справувањето со коронакризата функционерите следните два месеца со минимална плата

(ФОТО: Алсат-М)

Сите избрани и именувани функционери за април и мај ќе земат минимална плата од 14.500 денари, објави техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција во вторникот, презентирајќи го вториот сет економски мерки за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот,  кои содржат чекори спротивно на предлогот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев а против кој се спротистави коалицискиот партнер во владата ДУИ.

Спасовски на прес-конференцијата во вторникот истакна дека како никогаш досега светот ја доживеа најголемата закана после втората светска војна и сите се соочени со фатални последици по нивното здравје.

 „Презедовме многу сериозни и драстични мерки. Некои како вонредната состојба беа тешки, но неминовни. И дадоа резултати. Сега е важно максимално да се намали ширењето на вирусот. Да им да дадеме можност на сите да бидат згрижени. Ова е нашиот паралелен фронт, на кој ќе се спротиставиме на корона вирусот. Да обезбедиме ликвидност и финансиска инекција за да се соочуваат повеќе работни места“, истакна Спасовски.

Техничкиот премиер го презентираше вториот сет економски мерки кој се состои од речиси дваесетина точки:

  1. Се предвидува финансиска поддршка за приватниот сектор. Предмет на оваа финансиска поддршка за април и мај, во износ од 14.500 денари месечно по работник. Финансиската поддршка не се однесува на оние кои примиле нето плата повисока од 39.000 денари. Истиот број на вработени да се задржат заклучно со септември 2020 година. Оваа мерка ги опфаќа и медиумските куќи.
  2. Помош на спортистите. Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари
  3. Помош за уметниците, за 141 ќе биде обезбедена минимална плата.
  4. Месечна плата за граѓаните што останале без работа во висина од 50 проценти од месечната нето плата за последните 6 месеци, а за тие што останале без работа во кризата 24 месеци.
  5. Сите избрани и именувани функционери ќе имаат минимална плата од 14.500 на државно и локално ниво.
  6. Претседателите, членовите на управни и надзорни одбори од извршната и локалната власт и претседателите на советите нема да земаат никаков надоместок додека трае кризата.
  7. Надомест од 7.000 денари за лица кои се дел од неформалната економија.
  8. Се запира законот за извршување до јуни, 2020 година.
  9. Одложување на кредитите на банките во рок од шест месеци.
  10. Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва.
  11. Да се одложи плаќањето на закуп на корисници за плаќањето на социјалните станови. Додека за фирмите ќе се донесе посебна одлука за плаќањето на кириите.
  12. Дополнителни бескаматни кредити од дополнителни 8 милиони евра за микро, мали и средни претпријатија во зависност од бројот на вработени.
  13. 50 милиони евра кредити од развојните банки.
  14. Се забранува отворање на стечајна постапка за време на криза и шест месеци после тоа.
  15. Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор заклучно со 31 мај.
  16. Формирање на солидарен Ковид19 фонд.
  17. Намалување на авторските хонорари од страна на државните институции
Како што појасни Спасовски, премиерот, претседателот на државата, министрите, директорите, градоначалниците, следните два месеца ќе земаат минимална плата, а сите именувани членови на управни и надзорни одбори, како и на Советите на општините два месеци нема да земаат никаков надоместок. На вработените во јавниот сектор не им се намалува платата.

За приватните фирми погодени од кризата за месеците април и мај ќе им се помогне во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, под одредени услови. Алтернативна мерка е 50 отсто субвенции на придонеси за вработените во приватни фирми.

„Оние фирми кои ќе аплицираат да добијат субвенција за минимална плата за вработените не смеат да отпуштат вработени, да не исплаќаат дивиденди, бонуси и награди, и да имаат 30 проценти намалување на прометот во споредба со лани. Со минимална плата ќе се субвенционираат и сите спортски работници во спортски здруженија, како и самостојните уметници, а граѓаните кои останале без работа ќе добиваат 50 отсто од платата во зависност од стажот“, рече Спасовски.

Месечен надоместок од 7.000 денари ќе добиваат лицата од неформалната економија, а извршувањето ќе биде стопирано до крајот на јуни.

Спасовски истакна и дека вториот пакет економски мерки за справување со кризата, е донесен по широка консултација со членовите на економскиот совет формиран за оваа цел, со стопанските комори и врвни економски познавање и стопанственици. За спроведување на мерките ќе бидат потребни 200 милиони евра, рече техничкиот премиер одговарајќи на новинарски прашања поставени во видео-врска.