10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Во Србија 35 починати и 1.787 нови случаи на Ковид-19

Во Србија во последните 24 часа се заразени уште 1.787 лица, а починале 35 пациенти.

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 8.845 лица.

Од 1.787 нови случаи на коронавирус колку што се потврдени во Србија во последните 24 часа, најмногу се во Белград, 545.

Во Србија на крајот од 2020 започна вакцинацијата против Ковид-19 кај најранливите жители со вакцината на „Фајзер“. Од вчера во таа земја започна и вакцинацијата со руската вакцина „Спутник“.