Во Србија 74 новозаразени, нема починати во последните 24 часа

Во Србија од петокот до саботата не е пријавен ниеден смртен случај како последица од заразата со коронавирусот, а од направените 5.513 тестови 74 биле позитивни на Covid-19, објави српското министерство за здравство.

На болничко лекување се 266 пациенти од кои 22 се на одделите за интензивна нега и на респиратори.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Србија на 6-ти март направени се 1.111.957 тестирања со кои се регистрирани 33.312 случаи на заразата, а од вкупниот број заразени починале 746 луѓе.

Статистичките податоци на специјализираната интернет страница covid19.rs покажуваат дека стапката на смртноста последните денови е во благ пад, од 2,26 на 2,24 отсто.