Во Србија 8275 потврдени случаи на Ковид 19, хоспитализирани 2701 лица, излечени 1209 пацинети и 162 починати

Србија досега има евидентирано 8275 заразени лица со коронавирус, 162 починати и 1209 излечени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изминатите 24 часа, тестирани се 3614 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот изнесува 233 лица или процентуално околу 6,4 отсто, со што вкупно во Србија има 8275 потврдени случаи на Ковид 19, изјави на владината прес конференција членот на кризниот штаб докторката Дарија Кисиќ.

Вкупниот број тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 67.917 лица, а досега се излечени 1209 пациенти.

Во Ковид болниците и привремените центри хоспитализирани се 2701 пациенти, од кои со влошена клиничка слика се 85 лица кои се ставени на респиратор.

Од вирусот во изминатите 24 часа починати се 6 лица, 3 мажи и 3 жени, со што вкупниот број на починати се искачи на 162 лица, (103 мажи и 59 жени), со процент на смртност од 1,96 отсто.

Во 30 установи на социјална заштита и домови за стари лица позитивни на вирусот се 564 штитеници и 149 вработени.

-Од 6-те лица денес починати, четворица пациенти се од геронтолошкиот центар во Ниш, со што се зголеми бројот од 37 починати од оваа установа. Овој податок, како и бројката од 47 штитеници од геронтолошкиот центар во градот Неготин, од кои 7 лица се во тешка состојба говори дека вирсот е исклучително опасен кај постарата попуцација и дека вакви инцидентни појави на неговото ширење повеќе не смее да си дозволиме, кажа Кисиќ.

Според директорот на Инфективната клиника на КЦ Белград, Горан Стевановиќ, „ Србија е дојдена до почеток на крајот на епидемијата, но далеку сме сеуште од крајот.“

И докторката Дарија Кисиќ ја сподели оваа оценка, но упати и порака до српските граѓани да издржат уште малку со мерките за време на престојните првомајски празници.

-Гледаме дека времето е убаво, дека сте затворени, дека децата сe полудени дома, но нашето стручно мислење, базирано врз докази и науката, е да се издржи уште малку како и досега, оти враќањето на нормален живот каков што беше, сеуште не е посакувана опција, сеуште треба да се издржи за да во иднина се стекнеме со свест за вирусот и со колективен имунитет, кажа Кисиќ

Во Србија од денес на сила е забрана за движење од 18 часот до 5 часот наутро, а српската влада соопшти дека забраната за движење за првомајските празници ќе трае од четврток, 30 април од 18 часот до понеделник, 4 мај до 5 часот.