Во Србија четири деца на респиратор, меѓу новозаразените 90 отсто невакцинирани

Здравствениот систем во Србија е под голем притисок во петтиот бран на коронавирусот со повеќе од 6.700 заболени на ковид-одделите, а понеделникот го одбележа информацијата дека четири деца се на респиратори, додека лекарите предупредуваат дека меѓу заразените доминираат поациентите кои не се вакцинирани против Covid-19.

Седумгодишно девојченце, заразено со коронавируот, е приклучено на вештачки бели дробови во Институтот за мајка и дете „Др Вукан Чупиќ“, а таа е четвртото дете заболено од Covid-19 на одделот за интензивна нега во оваа институција.

Според понеделничкиот епидемиолошки пресек, од последици од коронаинфекцијата загинале уште 62 пациенти, од тестирани 19.718 примероци позитивни биле 5.908, на ковид-оделите во болниците ширум Србија се лекуваат 6.721 пациенти, од кои 274 се на респиратор.

Лекарите укажуваат на сѐ поголемото оптоварување на здравствениот систем и статистика којашто покажува дека на болнички лекување доаѓаат околу 90 отсто пациенти кои не се вакцинирани, додека повеќе од 80 отсто од нив мора да бидат приклучени на респиратор.

Примената на ковид-пропусниците, кои започна во саботата вечерта во 22 часот, влегува во третиот ден со критики и од експертие дека од оваа мерка не може да се очекува почувствителен ефект. Комуналната полиција и инспекцијата најавуваат дека од понеделникоН вечерта почнуваат со казнување на прекршителите.

Невакцинираните гости во угостителските објекти мора да покажат негативен PCR или BAT (антигенски) тест, направен во некоја од референтните државни лаборатории.

Најавените казни се движат од 40 евра за гостите, околу 250 евра за ковид-редарите доколку на невакцинираните им дозволат влез во објектот, околу 1.300 евра за претприемачите, до приближно 2.500 евра за правните лица во чиишто објекти инспекторите и комуналната полција ќе ги затекнат прекршителите.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек, изјави во понеделникот на Радио-телевизија Србија (РТС) дека ќе почекаат „седмица до десет дена“, а дококу го нема посакуваниот резултат од ковид-пропусници, од Кризниот штаб ќе биде побарани „поригорозни и многу поефикасни мерки“.

Српија од почетокот на епидемијата на коронавирусот до понеделникот регистрирала 1.104.117 случаи на зарази, а пријавени се 9.571 смртен исход од болеста, со стапка на смртност од 0,87 отсто од Covid-19.