Во Србија десет починати и над 2.100 новозаразени со коронавирусот

Во последните 24 часа во Србија со 8.299 направени тестови потврдени е зараза со новиот коронавирус кај 2.112 лица, а како последица од компликациите што ги предизвикува заболувањето Covid-19 починале уште десет пациенти, соопштија во неделата српските здравствени власти.

Зголемен е бројот на пациентите кај кои е дијагностициран Covid-19 и во болниците ширум Србија во неделата се згрижени 2.549 лица, а 106 од нив се на респиратори.

Од почетокот на епидемијата на 6-ти март, во Србија се тестирани 1.421.154 примерици, регистрирана се 67.747 заразени, а потврдени се 890 смртни исходи.