Во Србија девет нови жртви на Covid-19, и 389 новозаразени

Србија во последните 24 часа според официјалните податоци објавени во саботата по 15 часот, од 7.648 тестирани од кои 389 биле позитивни, а починале девет лица.

Од епидемијата на коронавирусот во Србија регистрирани се 20.498 инфицирани со новиот коронавирус, а болеста Covid-19 однесе 461 жртва, со процент на смртноста од 2,25 отсто.

На болничко лекување во моментов се 4.776 пациенти, од кои 187 пациенти имаат потешка клиничка слика и се ставени на респиратори.

Србија по прогласувањето на епидемијата на 6-ти март вкупно тестирала 542.136 лица, а во петокот беа тестирани најмногу лица во еден ден – 9.910 луѓе.

Во петокот во Србија имаше 10 починати и беа потврдени 392 случаи на зарази, а на болничко лекување беа 4.716 пациенти од кои на респиратори беа 184 пациенти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.