Во Србија еден починат и 24 новозаразени, стручњаците предвидуваат скор крај на епидемијата

Во Србија во последните 24 часа забележан е еден смртен случај од коронавирусот и 24 нови потврдени случаи на зараза меѓу 4.372 тестирани лица, додека членовите на кризниот штаб предвидуваат скор крај на епидемијата.

Поради инфекацијата зо коронавирусот во ткн „ковид болници“ вкупно се лекуваат уште 475 лица, од кои 10 се во тешка состојба и на респиратори.

Здравствените власти најавуваат дека поради постепеното слабеење на епидемијата наскоро уште два клинички центра, во Белград и во Земун, ќе излезат до системот „ковид болници“ и ќе се вратат во редовниот режим на функционирање, а од среда се затвора и привремената болница на Новосадскиот велесаем.

Бројот на заболените од почетокот на епидемијата достигна, со денешните 24 случаи, вкупно 11.454, а од Covid-19 заздравиле 6.766 лица, а починаа 245 заболени.

Епидемиолозите тврдат дека падот на бројот на новозарзените покажува дека епидемијата на коронавирусот во Србија влегува во завршницата и во текот на следните две седмици ги очекуват првите денови без заболени.

Членот на владиниот Кризен штеб, др Бранислав Тиодровиќ сугерираше дека би требало да се укинат сите рестриктивни мерки воведени поради избувнувањетео на епидемијата на коронавирусот во земјата, велејќи дека не очекува дека ќе дојде до вториот бран на Covid-19.

Имунологот и член на штабот, др Срѓа Јанковиќ изјави за РТС дека „Србија се ближи кон крајот на епидемијата“, но оти не може поточно „и за колку дена“ да го прецизира нејзиниот крај.

Нултиот пациент во Србија беше регистриран 6-ти март, вонредната состојба поради коронавирусот беше воведена на 15-ти март а укината на 8-ми мај, и оттогаш Србија постапно ги ублажува епидемиолошките мерки.

Театрите и кината и натаму не работат, во возилата на јавниот градски и меѓуградскиот транспорт важи посебен режим со пропишана оддалеченост и ограничено користење на седиштата, додека работодавачите се задолжени да осигураат заштитна опрема за вработените и да овозможат услови со почитување на физичката дистанца.