Во Србија и натаму над 400 нови зарази со коронавирусот дневно

Епидемиолошката ситуација во Србија покажува смирување, иако официјалните податоци и во четвртокот покажуваат голем број новозаразените, односно 412 во последните 24 часа, како и на пациентите кои се на респоратори – 185, додека со денешните девет починати, вкупно е потврдени над 500 смртни исходи од Covid-19.

На болничко лекување во моментов се 4.649 заболени, но министерот за здравство Златибор Лончар тврди дека „има повеќе отпуштени и излекувани пациенти отколку они кои доаѓаат на лекување“, што го оцени како „добро и охрабрувачко“.

Србија од нултиот пациент пријавен на 6-ти март, досега тестирала 591.350 примероци и официјално се потврдени 22.443 случаи на коронаинфекција, додека починале 508 заболени од Covid-19, што изнесува смртност од 2,26 отсто.

Четвртокот 23-ти јули е денот во кој досега се направени најмногу тестирања од почетокот на епидемијата – 11.079, а српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија тестира најмногу од сите држави во регионот.

Вучиќ за Радиот-телевизија Србија (РТС) изјави дека Србија се решила на поинаков пристап од многу други земји.

„Ние тестираме повеќе од другите, бидејќи сакаме да ја идентификуваме болеста и да се бориме за животите на лушето, а не за политички бројки“, рече Вучиќ за РТС.