Во Србија над 600.000 коронаинфекции, се размислува за трета доза од вакцината

Во Србија, којашто се вбројува со многу висок процент на вакцинирање против коронавирусот на населението, а во средата го надмина прагот од 600.000 регистрирани случаи на заразата, стручњаците укажуваат и на можноста давање на третата доза од вакцината против Covid-19 за лицата чиј имунолошки систем соодветно не одговорил со создавање антитела на првата и втората доза.

„Тоа меже да бидат и постарите кои не одговориле добро на примената напрвоте две дози од вакцината. Ќе постои потреба за тоа, но не за сите лица“, предупреди во средата Марија Гњатовиќ од белградскиот Инстутот за примена на нукеларна енергија (INEP).

Гњатовиќ за Радио-телевизија Србија (РТС) рече дека станува збор за лица кои „одговориле со пониски вредности на антитела“, доколку кај нив се воочи „инфекција и развој на симптомите“, и доколку „вредноста на антителата исчезнува под мерливите вредности“.

Истакна дека за вакцините засновани „на новиот концепт“, како што се „Pfizer/BioNTech“, „Спутник V“ и „AstraZeneca“, кои даваат „брз хуморален одговор“ веќе по две-три седмици од првата доза, примената на втората доза е неопходна за продолжување на дејството поради дополнителна ефикасност на вакцинацијата.

Гњатович дека дека кинеската вакцина „Sinopharm“ поттикнува имунолошки одговор значително подоцна, бидејќи „синтезата на антителата се движи две седмица од примањето на втората доза“, а понекогаш „дури по четири-пет седмица по втората доза“.

Антителата, според нејзината оцена, се создватаа кај повеќето луѓе повозрасни од 70 година, главно кај мажите, „послабо од очекуванот“, но дека популацијата од 18 до 65 година добро реагира и „речиси ситем имаат очекуван хуморален одговор“.

Во ситуацијаата која експерите треба двапати да се размислат за давањето на третата доза, Србија во средата во 15 часот пријава 2.444.395 дадени дози од вакцината притив Covid-19, додека 1.015.507 лица ја примиле и втората доза.

Истовремено, епидемиолошкиот просек покажува дека во последните 24 часа коронавирусот однел уште 38 жртви, а до 17.801 тестиран примерок имали 5.107 позитивни на SARS-CoV-2, со што Србија го мина псохолошкиот праг од 600.000 регистрани коронаинфекции.

Четвртина од новозаразените се во престолнината Белград – 1.302, додека трицифрена бројка новозаразени имаат и Нов Сад – 289, Ниш – 247, Крагуевац – 173, Краљево – 139 и Суботица со 100 заразени во последните 24 часа.

Српскиот здравствен систем и натаму трпи големи притосоци, бидејќи и натаму повече од 7.000 хоспитализирано, на ковид-одделите денеска има 7.368 пациенти, од кои 290 се на респиратор.