Во Србија нови 11 жртви и 396 заразени од коронавирусот  

 

Нови единаесет починати и 396 заразени со коронавирусот е епидемиолошкиот биланс за последните 24 часа во Србија, објави во неделата кризниот штаб на владата.

Од вкупно 4.735 хоспитализирани пациенти, 187 се со потешка клиничка слика и се на респоратори.

Од почетокот на епидемијата во Србија во март, регистрирани се вкупно 20.894 заборели и 472 починати од Covid-19.

Откако кон крајот на јуни започна растот на бројот новозаразени, во Србија повеќе од 30 градови прогласена е вонредна ситуација, вклучително и во главниот град Белград.