Во Србија од Индија пристигнаа 150.000 дози од вакцината на „AstraZeneca“

Во Србија, којашто досега вакцинираше против Covid-19 повеќе од милион жители, во неделата пристигна првиот контингент од 150.000 дози од вакцината на англо-шведската фармацевтска копанија „AstraZeneca“ развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд.

Вакцината е увезена од Индија, а на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ испораката ја пречекаа српскиот претседател Александар Николиќ, министерот за здравство Златибор Лончар, амбасадорката на Велика Британија во Србија, Сиан Меклеод и вршителот на должност на амбасадата на Индија, Виџаи Кумар.

Вучиќ притоа им се заблагодари на дипломатите од Британија и од Индија за нивната поддршка на Србија и што овозможиле да се увезе вакцината од индиските производствени погони.

„За ова беше потребен многу труд на нашата земја, но и на нашите пријатело од Обединетото Кралство и од Индија. Им благодариме на тоа што сакаа да не слушнат и да ѝ посветат на една мала Србија“, рече Вучиќ.

Вакцината на „AstraZeneca“, со американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“, руската „Спутник V“ и кинеската „Sinopharm“, ќе биде четвртата вакцина во Србија којашто ја спроведува кампањата за имунизација во којашто досега се вакцинирани повеќе од милион луѓе.

Првите вакцинирања со препаратот на „AstraZeneca“ најавени се веќе во понеделник.

Србија на 19-ти февруари потпиша нов договор со фармацевтската компанија „Pfizer“ според кој во април ќе добие уште 1,2 милиони дози од вакцината, а испораката на дополнителни 1,19 милиони дози, како што најави министерот за здравство Златибор Лончар, договорена е за третиор квартал годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.