Во Србија од загаден воздух годишно умираат 3.600 луѓе

18

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација за Србија, Маријан Ивануша рече дека годишно умираат 3.600 луѓе  како резултат на ефектите од загадувањето на воздухот во таа држава.

Ивануша за РТС изјави дека загадениот воздух може да влијае на кардиоваскуларните и белодробните заболувања, но сето тоа зависи од тоа колку време е загаден воздухот и колку долго некој е изложен на загадување.

Според податоците и анализите на СЗО, седум милиони луѓе умираат годишно од загадување на воздухот ширум светот, од кои половина милион луѓе во Европа. Се проценува дека 3.600 луѓе годишно умираат во Србија, како резултат на честици од 2,5 микрони.

Минатиот викенд во Србија беше обележан со зголемено загадување на воздухот, особено во Белград, Нови Сад, Суботица, Косјериќ, Ниш, Ваљево.
Експертите велат дека емисијата на загадувачи не е зголемена, но атмосферските услови придонеле за големо загадување, јавија српски медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.