Во Србија помалку починати но повеќе заразени од коронавирусот од ден претходно

Во текот на последните 24 часа во Србија се анализирани 9.349 примероци, а на коронавирусот биле позитивни 411 лица, двојно повеќе отколку во петокот, додека починале осум лица што е за едне смртен случај помалку од претходниот ден, според официјалните податоци на српското министерство за здравство објавени во саботата.

Според последниот преглед на состојбата со коронавирусот во 15 часот, на болничко лекување во српските болници има 4.544 пациенти, од кои на респоратори се 170 пациенти со тешка клиничка слика.

Со 611.333 тестирани лица до денеска од почетокот на епидемијата на 6-ти март, во Србија до денеска официјално се потврдени 23.263 случаи на зараза со коронавирусот, и според податоците на Министерството за здравство заклучно со 24-ти јули 95,98 отсто излечени во однос на вкупниот број на вкупно заразените. Досега починале 526 пациенти, со процент на смртност од 2,26 отсто.

Претходно во саботата членот на владиниот Кризен штаб за борба против коронавирусот, епидемиологот др Предраг Кон оцени дека и покрај забавувањето на растот на бројот на заразите и стабилизирњето на кривите „и натаму се оди по работ“, како и дека главниот град Белград е „вистинска епидемиолошка бомба“ каде сѐ уште инфекцијата може најбрзо да се шири.