Во Србија повеќе новозаразени од ден претходно

Српските здравствени власти во вторникот официјално пријавија уште три жртви на новиот коронавирус и уште 276 новозаразени лица, што е за 34 повеќе од билансот за претходното деноноќие кога беа регистирани 242 нови случаи на коронаинфекција.

Зголемен и бројот на заболените кои се упатени на болничко лекување од 1.433 во понеделникот на 1.625 во вторникот, со зголемен број на пациенти кои се ставени на респоратори од 36 на 42 лица.

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 8.377 лица, а од почетокот на епидемијата во земјата вкупно 401.240 луѓе, со досга вкупно 14.564 потврдени случаи на заразата и 277 смртни исходи, со процент на смртноста од 1,9 отсто, според објавените податоци на специјализиранта интернет страница на српското министерство за здравство www.covid19.rs.

Покрај главниот град Белград, каде што се забележани две третини од новозаразените, неколку градови во Србија последните денови станаа жаришта на коронавирусот, а најтешка е ситуацијата во Нови Пазр и во Тутин, кој според бројот на жителите има најмногу заболени.

Медиумите известуваат за трагедија на едно семејство во Тутин, во кое за три дена од коронавирусот починале таткото, мајката и ќерката, а двата сина се во критична состојба. Според епидемиологот Митке Еминовиќ од тамошниот Здравствен дом, станува збор за семејство на нивен колега, а бидејќи починале дома жртвите не влегле во „ковид-базата“, но тврди дека со сигурност знаат дека имале симптоми на Covid-19.

Аларамнатните предупредувања на социјалните мрежи, и неофицијалните податоци забројот на заразените и починатите во овие два града кои се населени претежно со муслуманско население, ги поттикнаа во вторникот премиерката Ана Брнабиќ и министерот за здравство Златибор Лончлар да го посетат Нови Пазар, каде што не беа добро дочекани.

Прво во знак на протест дел од лекарите и здравствените работници ги пречекаа свртувајќи им го грбот, а потоа нивното обраќање од скалилата пред Општата болница беше проследено со негодувања поради условите во кои лекарите настојуваат да им помогнат на сѐ поголемиот број пациенти чијашто клиничка слика бара хоспитализирање.

Премиерката Брнабиќ ги обвини оние што протестираа дека ја пполитизираат неповолната епидемиолошка ситуација, додека апелите за помош на здравствениот систем во регионот и за локалното население ги оцени како „ширење лажни вести“ и „дезинформации“, тврдејќи дека локалното здравство има и доволно опрема и сѐ што му е неопходно за справување со ситуацијата.

Србија поради епидемијата на коронавирусот на 15-ти март прогласи вонредна состојба во текот на која беа спроведувани строги рестриктивни мерки, вклучително и долготрајни полициски часови, а по укинувањето на вонредната состојба и попуштањата на рестрикциите и забраните, бројот на новозаразените почна да осцилира и да расте. Овие податоци станаа осбено зголемени по парламентарните избори, по кои најмалку тројца високи функционери од владејачката Српска напредна партија (СНС) објавија дека се заразени со коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.