Во Србија прва пресуда за непочитување на самоизолацијата, три години затвор

Во Србија денеска е изречена првата пресуда за прекршување на мерката- задолжителна самоизолација.Станува збор за маж од Ниш (38) кој е осуден на максимална казна затвор во траење од три години.

Како што јавува агенцијата Анадолија, пресудата е првостепена. Судењето е одржано преку видео-линк со апликацијата Скајп, а осудениот бил вклучен директно од притвор.

Лицето е осудено, бидејќи ја прекршил мерката самоизолација при влегување во земјата на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, а од 20-ти март се наоѓал во притвор во Пирот.