Во Србија вкупно заразени 9.943 лица, од кои 2.453 се излекувани, а 209 се починати од Ковид-19

Србија досега има евидентирано 9.943 заразени лица со коронавирус, 209 починати и 2.453 излечени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

Од вирусот во изминатите 24 часа починати се три лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 209 граѓани, со процент на смртност од 2,10 отсто, соопштија на владиниот сајт ковид.рс.

Во изминатите 24 часа, тестирани се 5.810 лица, од кои позитивни на вирусот се 95 граѓани, или 1,64 отсто од тестираните.

Вкупно кај 9.943 лица е потврден случај на коронавирус од досега тестираните 128.805 граѓани.

Излекувани се 2.453 пациенти, а најголем процент на заболување од коронавирусот имаат пациентите на возраст од 50 до 59 години (1896 лица).

Се намалува и бројот хоспитализирани во ковид болниците и во привремените центри, во кои заклучно со денес има 1.577 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 45 лица.

Во Србија, со укинувањето на вонредната состојба од вчера повеќе нема полициски час и забрана за движење. Но, остануваат вонредните мерки, бидејќи и понатаму на сила е прогласена епидемија од посебен значај, а граѓаните и понатаму се во обврска да ги почитуваат заштитините мерки се додека трае опасноста од ширењето на вирусот.