Во Србија за четири години во судири со полицијата загинале 11 луѓе

Полицијата во Србија од 2014 до 2018 година употребила физичка сила, огнено оружје, службени палки и други принудни средства во 172.644 случаи, најмногу во Белград (39 проценти), а најмалку во Ниш. Во 11 случаи регистриран е смртен исход, објави денеска весникот „Политика“.

Според весникот, во 29 случаи имало сериозни повреди, додека 670 лица се полесно повредени.

Во 46 случаи, огнено оружје било користено и сите се оценети како оправдани и правилни, пишува весникот, повикувајќи се на податоци на српското Министерство за внатрешни работи.