Во Србија заврши референдумот за промена на Уставот, излезноста помала од очекуваното

Референдумот за уставните промени со цел да бидат спроведени уставните реформи и усогласување на домашното со законодавството на Европската унија заврши во неделата вечерта со затворањето на избирачките места во 20 часот, а излезноста е доста помала од очекуваната.

Како што извести Републичката изборна комисија (РИК) спроед пресоекот од 18 часот на референдумот излегле 25,25 отсто од околу 6,51 милиони гласачи.

Невладината организација Центар за истражувања, транспарентност и одговороност (ЦРТА) објави податоци според кои до 19 часот гласале 27,6 отсто од запишаните избирачи. Арганзиацијата е акредитиран домашен набљудувач и со повеќе од 800 активисти го следеше процесот на гласање.

Според официјалните процени на РИК, прогнозираноста излезност е меѓу 31 до 33 отсто, а првите прелиминарни резултати се очекуваат уште вечерва.

До крајот на вечерта се очекуваат и одвоени прес-конференции на владејачките партии, Српската напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ и на Социјалистичката партија на Србија (СПС) на парламентарниот спикер Ивица Дачиќ.

Српските избирачи денеска се изјаснуваа на прашњето „Дали сее за потврдување на Актот за промена на Уставот на Република Србнија“,, а услов за успех на референдумот не ебепе обрската на гласањето да излезат над 50 отсто на граѓаните со право на глас.

Промените на српскиот Устав треба да ја зајакне независноста и ефикасноста на судската власт, а мешународниата заедница и Европската унија ја сметат како „клучен чекор“ во евроинтегративниот процес.