Во Србија 19 луѓе починаа од грип, епидемија во три града

Во Србија досега од грип починале 19 лица, а бројот на заболените расте секојдневно и според последниот извештај на националниот Институт за јавно здравје „Др Милован Јовановиќ Балут“, има сомневања дека околу 85.000 лица се заразени со еден од двата изолирани вируса на грипот кои ги евидентирале и здравствените служби во регионот.

Регистрирани се случаи на вирусот на грипот од соевите А-H1N1 и H3N2, коишто се најастапени и во земјите во регионот.

На територијата на градот Белград се потврдени случаи на грип во 23 од 29-те окрузи. Само на подрачјето на Ниш досега починале шест лица, а од 32 хоспитализирани пациенти 11 се животно загрозени откако само минатата седмица бројот на пријавени случаи 3.800, се удвоил во однос на седум дена претходно. Изминатиот викенд во Чачак починало две и полгодишно момченце, а со вирусот грипот е заразена е и неговата сестричка близначка.

Епидемијата засега е пријавена само на подрачјето на Ниш, Пирот и Ужице, епидемиолозите предупредуваат дека постои тенденција раст на бројот заразени со вирусот, но тврдат и дека „моментално ситуацијата не е невообичаена“. Во споменатиот Институт појаснуваат дека е регистриран среден интензитет на активност на грипот, но и широка географска распространетост.

„Самата пријава на епидемија укажува на тоа дека бројот на заболените е над очекуваниот за овој период од годината, како и дека бројот квантитативно минал епидемскиот праг, но сѐ уште не се преземаат никакви посебни активности“, изјавила за белградските медиуми проф. др. Дарија Кисиќ Тепавчевиќ од Институтот за јавно здравство.