Во Србија потврден десеттиот смртен случај поради сипаници

Во Србија во понеделникот е потврден и десеттиот смртен случај на лица заразено од сипаници во помалку од последните пет месеци, објави Радио-телевизија Србија (РТС).

Како последица од зараза со вирусот на морбили на Инфективниот оддел на болницата во Нови Пазар, на југот од Србија, починала 42-годишна пациентка, откако во тој град досега се регистрирани 19 заболени, а во соседното гратче Тутин дури 83.

Меѓу претходните девет жртви две се деца помлади од пет години, како и двајца здравствени работници.

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје на Србија, од почетокот на октомври 2017 година до 5-ти пар на територијата на земјата и делот од Косово кој го покрива Заводот за јавно здравје во Косовска Митровица, регистрирани се вкупно 3.123 пациенти заразени со морбили.

Српскиот министер за здравје Златибор Лончар на 7-ми марти ги повика сограѓаните на „одговорно однесување“ и упати апел до родителите кои сѐ уште не ги вакцинирале своите деца против сипаници, тоа да го сторат што поскоро и ги повика и медиумите да земат учество во оваа кампања.

„Треба да се вакцинираат уште малку помалку од 30.000 деца, тоа е единствен начин да не умират и да не заболуваат, и децата и возрасните, во 210от век, кога нема никакви потреби затоа што, од не знам кои причини, луѓето избегнуваат да се вакцинираат или на тоа ги повикува некој кој нема врска со медицината“, изјави Лончар за РТС.

Епидемијата на сипаници започна на северот од Косово ланскиот октомври и се прошири на централниот дел на Србија, а лекарите ги повикуваат родителите да ја игнорираат кампањата против вакцинацијата.