Во Србија се роди бебе какво што се раѓа еднаш на 625 милиони случаеви

Десет доктори асистирале во породувањето на новороденнче коешто, како што велат, се случува еднаш на 625 милиони случаеви.

Во Србија на свет дошла малата Вероника тешка нешто околу четири килограми долга 56 сантиметри и се вброи во „чудни бебиња“. Како што велат лекарите, нејзиниот случај е толку редок и целосно го заслужува името Вероника (носител на победата).

Нејзината 31-годишна мајка сакала да остане анонимна. Таа завршила во Србија поради војната во Донбас, рускојазичниот регион во југоисточна Украина.

„Бебето е зачнато по природен пат, но некако не било во матката туку надвор. Во овој момент нема повеќе од 12 такви случаеви. Абдоминална бременост е позната, но ретко се случува детето да преживее„, вели доктор Владимир Бороков.

„Не сакав воопшто да се породам во болница. Мојот сопруг и јас се согласивме дека треба да се породам дома. Не сакав да одам на прегледи, ниту да пијам апчиња и витамини. Контракциите почнаа и се одеше во најдобар ред, а потоа во еден момент престанаа и тогаш решивме да одиме во болница“, изјавила мајката на Вероника.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.