Во Србија уапсен охриѓанецот кој киднапира и ограби брачен пар

67

Во Србија уапсен е 38- годишниот охриѓанец кој минатата година, заедно со уште едно лице, киднапираа и ограбија брачен пар од Скопје, кој во бесознание го оставија на падините на Галичица. Подоцна истрагата утврди   дека разбојниците употребиле средство за успивање кое го ставиле во инстант кафе со кое ja  послужиле брачната двојка, јави порталот „Охридњуз“.

Од охридста полицијата  го потврдија апсењето на охриѓанецот и информираа дека преку македонското министерство за правда ќе биде побарана екстрадиција на лицето. Охриѓанецот од јуни минатата година кога и се случи инцидентот, беше во бегство, додека неговиот соучесник за кратко време беше приведен и е на отслужување на затворска казна.

Разбојниците, брачната двојка  од Скопје го намамиле да дојде во Охрид, по пројавениот интерес на претходно  поставен оглас на социјалните мрежи за продажба на возило Мерцедес. Договориле средба која ја оствариле на 3-ти јуни во Охрид, по што сопружниците ги одвеле во стан, каде биле послужени со инстант кафе и минерална вода . После тоа брачната двојка почувствувала зашеметеност и губење на свеста. Кога се освестил сопругот забележал дека се наоѓа на планина на место со поглед на Езеро, а до него во бесознание лежела неговата сопруга. Тој забележал дека таа го има мобилниот телефон кај себе со кој тој се јавил и ја известил полицијата за случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.