Во Србија запленети рекордни 1.338 тони тутун, уапсени 12 лица

Рекордни 1.338 тони тутун се запленети во Шабац. Во акцијата се уапсени 12 лица кои оствариле противправна корист од над 490 милиони динари, а буџетот на Србија за 139 милиони динари, соопшти српското МВР, објави „Политика“.

Уапсените се осомничени за злоупотреба на службената положба, фалсификување на службени исправи и даночно затајување.

Тие се осомничени дека во фабриката АД „Дуван“ во Љубовија во текот на 2014 година испорачале сушен тутун заради натамошна преработка во количина од 1.338.082 килограми во вредност од околу 300 милиони динари, без данок и заведување во деловната документација на АД „Дуван“, кој бил наменет за продажба надвор од легалниот пазар.

Осомничените, за да ги прикријат кривичните дела, ја фалсификувале службената документација на претпријатијата „Копекс“ ДОО Нови Сад и АД „Дуван“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.