Во Србија живеат 19.000 милионери

Сите оние кои минатата година заработија повеќе од 2,18 милиони српски динари ќе мора да платат данок на доход. Даночната управа на Србија во 2013-тата година донела 19.002 решенија, пишуваат тамошните медиуми.

И покрај кризата има граѓани кои што не можат да состават крај со крај, во Србија сепак има луѓе кои што заработуваат и по три милиони евра годишно, пишува „Вечерње новости“.

Според последните податоци од српската Даночна управа, најплатениот Србин минатата година успеал да заработи 250.000 евра месечно.

Дали овој рекорд ќе биде соборен ќе се знае по 15-ти мај, кога истекува рокот милионерите да ги пријават своите приходи за изминатата година во Даночната управа.