Во среда и четврток дел од корисниците во Скопје без снабдување со струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека поради  технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа,  без електрична енергија ќе останат следните корисници:

на ден 21.07.2021 година (среда) :

-од 07:30 до 09:30 часот, корисниците од  дел од  ТЦ Беверли Хилс. (Општина Центар)

– на ден 22.07.2021 година (четврток)  :

-од 04:00 до 05:30 часот, корисниците од:    нас. Шуто Оризари, ( Општина Шуто Оризари ), нас. Топаана,  нас.  Чаир и  нас. Топаанско Поле, (ОпштинаЧаир) како  и нас. Скопје-Север, Бутел 1, Бутел 2, Расадник, нас.Кучевишка Бара,  нас. Визбегово  и Индустриска зона – Визбегово. (Општина Бутел)

-од 07:45 до 09:15 часот, корисниците од ул. Петар Манџуков од бр. 50 до бр. 280. (Општина Бутел).

-од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Хусеин Бајрам  и  ул. 165 во нас. Крњево. (Општина Центар)

-од 08:10 до 14:30 часот, корисниците од селата: Паничари, Ласкарци, Буковиќ и Раовиќ. (Општина Сарај)