Во стан во Велес пронајдени две безживотни тела

Две безживотни тела се пронајдени денеска утро во стан во Велес. Според информациите од полицијата, се работи за мајка и син.

Полицијата утрово пронајде две мртви тела во стан на улица 4-ти Јули во Велес, во близина на детската градинка кај Жаба зграда. Од полицијата потврдија дека добиле повик од соседи, кои се пожалиле на ужасна миризба која доаѓала од станот на починатите.

Според соседите, најверојатно се работи за мајка и син кои повеќе од еден месец не биле видени од соседите.

Јавен обвинител е на терен и врши увид, по што ќе се знае причината и времето на смртта на двајцата велешани.