Во Штип сепак се изградени само 1000 метри локален пат

Од општина Штип, раководена од Благој Бочварским градоначалник  на  СДСМ, вчера се пофалија дека за една година направиле, еден километар пат.

Граѓаните се огласија на социјалните мрежи со бројни коментари за овој, како што го нарекуваат, срам.

По исмевањето на оваа објава, од профилот на Бочварски беше тргната претходната „срамна“ фалба за отчетот за сработеното, па тој реши да се огласи со нова објава, тврдејќи дека е „спинување“  реакцијата на јавноста на претходната објава. Сепак и во новата објава јасно се гледа дека се изградени точно 1000 метри односно само еден километар локални патишта во општината.

Се огласи и поранешниот министер за транспорт и врски, во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој оцени дека ова се најцрните денови во инфраструктурата и економијата:

„Озбилни сте ?

За една година сте направиле само 1 километар локален пат и го прикажувате како епохален напредок ?

После ваков отчет за една година треба да ја пишете и изработката на сликичкава дека сте ја направиле, барем сте се потрудиле и за тоа.

Дефинитивно ова се најцрните денови во инфраструктурата и економијата….“